Крај на сагата помеѓу Роналдо и судот: Португалецот си плати и избегна затвор

ronaldo

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако некој воопшто се сомневаше Кристиано Роналдо и дефинтивно ја избегна казната затвор.

Шпанските власти потврдија дека Роналдо на државата и платил сума од 13.5 милиони евра како оштета.

Роналдо долго време беше во „војна“ со судот не сакаше да ја признае и вината и да плати, на крајот сепак ја плати бараната сума со цел се да се заврши.

„Кадена Коп“ пренесува дека целата работа е завршена без затворска казна бидејќи тоа бил прв таков прекршок на фудбалерот.

Португалецот се обвинуваше дека ја оштетил шпанската држава за огромна сума за периодот помеѓу 2011 и 2014 година.

Како што е добро познато, Роналдо неодамна го напушти Реал Мадрид и Шпанија и за сума од 105 милиони евра потпиша за италијанскиот гигант Јувентус каде што ќе добива плата од 30 милиони евра по сезона.