Костимите од Бетмен и Робин од ТВ серијата одат на аукција – се очекуваат вртоглави суми


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Костимите на Бетмен и Робин од ТВ серијалот што се емитуваше во 1960-тите, ќе бидат дадени на аукциска продажба во Лос Анџелес, заедно со колекција на други предмети од серијалите од тоа време, „Sвездени патеки“ и „Среќни денови“.

Костимите во кои се појавуваат суперхероите од 120-те епизоди на Бетмен емитувани меѓу 1966 и 1968 година се во ретро стил, и ќе се појават на продажба на 17 декември, каде би можеле да достигнат меѓу 150.000 и 200.000 американски долари.

Специјализираната аукциска куќа Profiles in History, соопштува дека тоа е единствениот костим што во тоа време го носеле Бетмен, односно актерот Адам Вест и Робин, актерот Бурт Вард.

На аукцијата че се најдат и други предмети поврзани со серијата , како што е бистата на Шекспир , касде што се криело копчето за да ја отвори пештерата на Бетмен и црвениот телефон, составен дел од бетмобилот.

Колекцијата, која се смета за една од најголемите на светот, вклучува туники што ги носеле Вилијам Шантер и Леонард Нимој, или капетанот Џејмс Кирки, д-р Спок во серијалот „Стар Трек“, проценет нас сума од 40.000 до 60 000 долари.