Home Актуелно „Корпа“ за Вучиќ: Путин не оди во официјална посета на Белград

„Корпа“ за Вучиќ: Путин не оди во официјална посета на Белград

Официјален Кремљ вчера категорично ја демантираше информацијата дека рускиот претседател Владимир Путин ќе оди во посета на Србија.

Амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин денеска изјави дека во октомври или ноември во Белград ќе пристигне претседателот Путин. Но, само по неколку часа од Кремљ стигна демант во кој се наведува дека рускиот претседател нема намера наскоро да ја посети Србија.

,,Не , за сега не.” , кусо одговори портпаролот на Кремљ Песков на прашањето дали Путин ќе ја посети Србија. Нема најави ниту дека почнале подготовки за таквата посета.

Во Србија неколку пати имаше најави дека Путин се очекува да дојде во ноември на прославата на стогодишнината од победата на Антантата во Првата светска војна.

Претходно и претседателот Александар Вучиќ изјави дека Путин ја прифатил неговата покана да ја посети Србија до крајот на годинава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…