Коронавирусот повторно забрзано се шири во Германија – на граѓаните им се советува да останат дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако повторно е забележано забрзано ширење на коронавирусот во Германија, официјалните служби и институции им советуваат на жителите на Германија да останат дома и да се придржуваат до социјалната дистанца затоа што официјалните податоци укажуваат на ново зголемување на бројките поврзани со заразени од вирусот.

Бројот кој покажува на колку луѓе во просек едно заразено лице го пренесува вирусот се смета за клучен показател дали има простор да се ублажат мерките во јавниот живот.

Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека важно е тој број да остане под еден, но институтот „Роберт Кох“ објави дека репродуктивниот број во понеделникот пораснал на еден откако во април се намали на 0,7.

Претседателот на Институтот Лотар Вејлер апелираше до германската јавност да се потруди да го сочува досегашниот успех со оглед на тоа дека властите почнаа да ги намалуваат ограничувањата на движењето.

„Да останеме дома што е можно подолго, да ги почитуваме ограничувањата и да држиме растојание од најмалку 1,5 метри“, рече тој.

Со оглед на тоа што германските политичари се поделени во ставот кон ублажување на социјалното дистанцирање, овие негативни вести доведоа до збрка.

Статистичарот Томас Хоѕ од Универзитетот „Илменау“ рече дека неговиот модел покажува на нагло растење на нови инфекции, а дека репродуктивниот број веројатно ќе остане под еден во следните неколку ден, алудирајќи дека пресметката на „Роберт Кох“ не е точна.