Home Живот и здравје Користете ги свежите здрави сезонски намирници – еве што да се јаде во март

Користете ги свежите здрави сезонски намирници – еве што да се јаде во март

Стигна и месецот март, се ближи мирисот на пролетта и долгите зимски денови остануваат зад нас.

Помалку сме уморни, ни треба освежување, а некои имаат и килограм од повеќе, така што март е вистинско време за промени и подготовки за летото.

Март е прилично специфичен месец. Во чизми и капути ни е топло, а во јакни и чевли се уште ладно. Исто е и со намирниците. Резервите на зимница се при крај, а свеж природен зеленчук и овошје се уште нема.

Неизбалансираната исхрана во текот на зимата остава трага на секое тело. Сите се заситуваме од богатите и обилни оброци поради што едноставно чекаме рано и свежо овошје и зеленчук.

Меѓутоа, според мислењето на нутриционистите, март е месец во кој мораме да се стрпиме. Пред се треба да се искористат намирниците кои ни останале од зимскиот период. Целосно е бесмислено да се јаде туршија во мај кога пазарите се полни со свеж сезонски зеленчук.

Од останатите намирници користете моркови, цвекло, целер, тиква, лук… Секако, тука е и мешункастиот зеленчук, гравот, леќата, леблебијата и грашакот.

Со компирите бидете внимателни, бидејќи во овој период обично веќе е изртен и полн со соланин кој е токсичен, препорачуваат нутриционистите.

Преостанатите јаболки и круши можете да ги дополните со суво и јаткасто овошје, како и умерена употреба на јужно овошје.

Кон крајот на март не го пропуштајте вистинскиот еликсир за здравјето – дивиот лук. Ќе го најдете на пазарите, но уште подобро ако можете да отидете некаде во природа и сами да го наберете.

Со ваква исхрана ќе го растоварите телото, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се подготвите за свеж летен изглед.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …