Актуелно

Конфузни на стартот: Новиот состав на американскиот Конгрес го започна заседавањето

Новиот состав на американскиот Конгрес, во кој мнозинството го имаат републиканците, во вторникот конфузно го започна своето прво заседание откако Претставничкиот дом по негодувањето на јавноста, но и прекорот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, се откажа од својата претходна одлука да го ослабе значењето на Етичката канцеларија, независно тело коешто ги истражува обвинувањата против членовите на Конгресот, пренесува Reuters.

Со Доналд Трамп, кој на 20ти јануари ќе биде инаугуриран како 45ти американски претседател, републиканците првпат од 2007 година ќе ја контролираат и Белата куќа и двата дома на Конгресот, и започнуваат да ги разработуваат плановите за спроведување на најавената агенда, како што се намалувањето на даноците, укинувањето на Обамакер, односно законот за здравствено осигурување кој го донесе претседателот на заминување Барак Обама, како и измена на регулативата во сферата на финансиите и заштитата на природната средина.

Меѓутоа, сето тоа отиде во втор план по ненадејната одлука на републиканците во Претставничкиот дом на средбата во понеделникот донесена зад затворени врати да биде ослабена Етичката канцеларија, поради што Трамп, кој во текот на кампањата ветуваше дека ќе ги „исуши мочуриштата“, веднаш реагираше со прекор
Независното надзорно тело за етика во Конгресот беше основано во 2008 година по неколкуте корупциски скандали, но некои пратеници предупредуваат дека последните неколку години ова тело брза во истрагите за обвинувања кои доаѓаат однадвор.

Имајќи предвид со што се треба Конгресот да се фати во костец, дали навистина главен приоритет треба да им биде ослабувањето на Етичката канцеларија. Фокусирајте се на даночната реформа, здравството и многуте други поважни работи, напиша Трамп на Twitter.

Откако на 8 ноември победи на претседателските избори, Трамп не крие дека му е важно што поскоро да ги спроведе ветувањата од кампањата, како поедноставувањето на даночната политика и намалувањето на корпоративните даноци, како и отстранувањето на Законот за достапно здравствено осигурување, познато како Обамакер.

Особено за последниот закон, Трамп смета дека едноставно не функционира, а не е ниту достапен за оние на коишто им е потребен. Тоа е еден кутар закон за здравственото осигурување, тврди Трамп.

Меѓутоа, републиканците се во дилема околу алтернативната програма за здравственото осигурување и предупредуваат дека осмислувањето на нова би можело да потрае.

Белата куќа, пак истакна дека со овој закон здравственото проширување било проширено на 20 милиони Американци.

На заседанието на 115 состав на Конгресот на САД свечена обврска во вторникот положија 435 членови на Претставничкиот дом и третина од 100 членови на Сенатот. Како што се очекуваше, на чело на Конгресот повторно е избран републиканецот Пол Рајан, за кого гласаа 239 пратеници, додека за демократската Ненси Пелоси гласаа 189 пратеници.

Advertisements
To Top