Home Шоубизнис Колкаво богатство имаат ѕвездите од „Сите го сакаат Рејмонд“? Најбогатиот располага со 200 милиони долари

Колкаво богатство имаат ѕвездите од „Сите го сакаат Рејмонд“? Најбогатиот располага со 200 милиони долари

Актерската екипа на „Сите го сакаат Рејмонд“

Поминаа повеќе од 25 години откако „Сите го сакаат Рејмонд“ првпат се појави на телевизиските екрани.

Популарната хумористична серија почна да се емитува на Си-би-ес на 3 септември 1996 година. Во неа играа Реј Романо, Патриша Хитон, Бред Герет, Дорис Робертс, Питер Бојл, Моника Хоран и Мадилин Свитен.

Во текот на емитувањето, „Сите го сакаат Рејмонд“ освои бројни признанија, меѓу кои и 15 награди „Еми“. По девет сезони, серијата заврши на 16 мај 2005 година.

Актерите од оваа телевизиска комедија остварија големи успеси во своите кариери и стекнаа значително богатство.

Рангирањето на главната актерска екипа е направено според проценетото нето-богатство, од најниското до највисокото. Најбогатиот член на екипата располага со околу 200 милиони долари.

Серијата е достапна за стримување на платформите „Пикок“ и „Парамаунт плус“.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Зад сцената на „Округот Оринџ“: книга за заминувањето на Миша Бартон, однесувањето на Адам Броди и аудицијата на Ема Стоун

Книгата „Добредојдовте во Округот Оринџ: Усна историја“ открива детали од снимањето на поп…