“`html
Коктел од лубеница кој го топи сало
Време е да ги изгубите вишокот килограми и да имате совршено тело ова лето.
Овој коктел од лубеница ќе ви помогне да ги изгубите вишокот масти, а да не зборуваме колку е навистина вкусен и освежувачки.
„Лубеницата е богата со аминокиселината аргинин, што може да го поттикне губењето на тежината, според новите здравствени студии“, вели д-р Оз. „Истражувачите покажуваат дека исхраната со аргинин ги намалува телесните масти за неверојатни 64 проценти!“
СОСТОЈКИ:
- ½ чаша сецкан краставец
- 1 лажица мед
- 1 лажица сок од лимон
- 2 чаши сецкана лубеница
ПОДГОТОВКА:
Ставете ја лубеницата и краставецот во блендер и миксирајте. Додајте го медот, сокот од лимон и мраз и мешајте додека смесата не биде доволно течна, како сок. Овој коктел ќе ве држи сити, ќе ги исчисти бубрезите, ќе го намали крвниот притисок, ќе го регулира нивото на шеќер во крвта и ќе ги стопи вишокот масти.
За најдобри резултати, пијте го коктелот пред појадокот или помеѓу оброци.
“`