Која е причината поради која луѓето веруваат дека Земјата е рамна


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Одлично објаснување на британскиот астрофизичар Стјуарт Кларк, за тоа зошто сѐ уште постојат луѓе кои сметаат дека Земјата е рамна.

„Очигледно е дека Земјата не е рамна. Тоа може да биде проверено на неколку начини, на пример кога бродовите ги напуштаат пристаништата и пополека исчезнуваат на хоризонотот. Кога ќе се качете на врвот на највисоката зграда или рид и гледате подалеку од хоризонтот“, вели Стјуарт Кларк.

Тој вели дека целата наша физиономија е во склоп со тродимензионален свет.

„Сликите од вселената докажуваат дека нашиот свет е глобус, а луѓето и натаму веруваат дека Земјата е рамна. Ние сме луѓе и сакаме приказни бидејќи тие им даваат смисла на нашите животи, на нашиот свет. Тие ни даваат смисла, дури и кога се неразбирливи. Науката, од друга страна, е една приказна која е вистината и чие тврдење може да биде докажано со експерименти“, изјавува Кларк.

Тој исто така истакнува дека постојат приказни кои може да ја донесат во прашање целата модерна наука, па дури и воопшто постоењето на Универзумот.

„Таквите приказни се доста комплицирани бидејќи луѓето кои веруваат во нив ја одбиваат реалноста, па дури и науката, благодарејќи на удобните митови во кои веруваат. Во својата приказна се чувстуваат како дома, митовите ги прават среќни бидејќи ги познаваат“, вели Кларк.

Прашањето на Кларк до луѓето кои веруваат во оваа теорија е колку е дебела плочата, дали може да се падне од ивицата на плочата и од каде произлегува гравитацијата

„Рамната површина е многу нестабилна, што значи дека другите сили би ја терале да биде флексибилна и цело време да се поместува. Тешко е да се зборува за тоа како би изгледала Земјата доколку е рамна, бидејќи тоа е невозможно“ изјавува Кларк.