Кој повеќе паничи пред венчавката – мажите или жените?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Истражувањето кое го направија група американски научници поврзано со паниката која ги фаќа младоженците пред венчавката даде интересни и во извесна мера неочекувани резултати.

Резултатите покажуваат дека мажите многу повеќе паничат пред венчавката од младите невести. Секој четврти маж е под многу поголем стрес од нивната избраничка од самото планирање на венчавката па до денот на венчавката.

Истражувачите анкетирале 160 испитаници и дошле до сознанија дека секоја шеста жена овој настан го доживува како стрес.

Секој четврти маж истовремено признал дека планирањето на венчавката му паѓа потешко отколку на неговата партнерка, додека некои нагласиле дека тоа им е најстресниот момент во животот.

Најтешко им паѓа грижата за гостите, кого од роднините и пријателите да поканат, а кого да изостават, па финансиската пресметка и размислувањето како на сите да им угодат со музиката, храната, распоредот на седење и слично.

Истражувањето покажало дека поради овие маки третина од паровите во деновите пред венчавката имаат проблеми со спиењето, што индиректно доведува до меѓусебни караници и пролиени солзи.

Од друга страна, истражувањето откри дека на жените многу постресно им е да размислуваат за породувањето и за промените што бременоста ги прави на нивното тело.