Кој е виновен за „спасувањето“ на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Алијанската за Албанците, Зијадин Села, случувањата на собраниската седница за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски ги нарече театар во режија на ДУИ.

Села вели дека целта е да се заштити Вељаноски, но и да сокрие улогата која ДУИ ја имала на 27 април.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вели дека за фактот што Вељаноски сѐ уште ужива во својот имунитет, виновен е претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски.

„Синоќа на седницата во одреденото време, сите пратеници на ДУИ, почнувајќи од Али Ахмети па сѐ до болниот Агим Шаќири се наредија да гласаат за одземање на имунитетот. Синоќа ништо немаше да се случи доколку претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања донесеше одлука за гласање во 23 часот, како што беше договорено. Синоќа ништо немаше да се случи доколку некои пратеници не станаа со навреди и погрдни зборови, за да го попречат гласањето на време“, изјави Артан Груби, пратеник на ДУИ.

Реагираше Богоевски. Според него единствениот виновник што на Вељаноски не му е одземен имунитетот, е собранискиот спикер Талат Џафери и ДУИ.

Преку соопштение се огласи и Движењето Беса. Според нив синоќешните случувања се глума, која заслужи Оскар. Велат дека решение е распуштање на Собранието и предвремени избори.

„Синоќешната глума од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратениците на ДУИ слободно може да конкурира за „Оскар“ награда. Бидејќи Собранието на Северна Македонија се претвора во градинка за одбрана на луѓето кои ја загрозија безбедноста на државата, не ни останува ништо други освен да побараме распуштање на Собранието и предвремени избори“ – Движење Беса.

Инаку, екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски е осомничен како организатор на настаните од 27-ми април, а Судот побара од Собранието да му го одземе имунитетот, за да може да му одреди мерка притвор.

Извор: ТВ21