Кој бара помош? Мистериозен СОС знак од големи камења ги збуни полицајците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мистериозен SOS (СОС) знак во оддалечените предели на Австралија, направен од големи камења, ги збуни полициските сили на оваа земја. После детална истрага, уште не се најдени докази дека во оваа област во скоро време имало било какви активности.

Големата порака за помош испишана со големи камења и карпи ја забележал пилот кој летал над пештерата Свифт Беј во Кимберли, на западот од Австралија. Веднаш ја известил полицијата за тоа, која почнала истрага во областа.

На почетокот се претпоставувало дека некој е во опасност или се изгубил. Меѓутоа, во текот на истрагата не се откриени никакви човечки траги на теренот, поради што се бара од јавноста да помогне во случајот доколку има повеќе информации.

„Комплетно го истраживме подрачјето, но не најдовме никакви докази за скорешни човечки активности. Полицијата се обидува да востанови дали порано некој исчезнал во оваа област, а по кого уште се трага“, велат полицајците.

Постои можност знакот да стои со месеци, но дека никој не го видел сè досега. Од друга страна, постои можност и некој да се шегува на ваков начин, со оваа порака.