Кисинџер: Се приближува времето за договор за мир во Украина и ставање точка на сништата за растурање на Русија


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Прекалениот американски дипломат Хенри Кисинџер смета дека се приближува времето за договор за мир во Украина за да се намали ризикот од нова светска војна, а соништата за разбивање на Русија може да предизвикаат нуклеарен хаос.

Кисинџер, архитект на политиката во Студената војна кон Советскиот Сојуз додека беше државен секретар во мандатот на републиканските претседатели Ричард Никсон и Џералд Форд, се состана со Владимир Путин повеќе пати откако тој во 2000 година стана претседател на Русија.

На судирот во Украина, кој почна со руската инвазија на 24 февруари, не му се гледа крајот. Досега загинаа десетици илјади луѓе, а милиони се раселени и избегани од своите домови. Русија контролира околу петтина од Украина.

Кремљ бара Киев да ја признае анексијата на јужните и источните региони на Украина. Украина порачува дека сите руски војници мора да ја напуштат нејзината територија, вклучително и Крим кој Русија го анектираше во 2014 година. Киев поднесе барање за влез во НАТО и во ЕУ, бидејќи Москва во септември ги анектира украинските региони.

„Се приближува времето да се гради на стратешките промени кои се веќе постигнати и да се интегрираво нова структура со цел остварување на мирот по пат на преговори“, утврди Кисинџер во текстот за магазинот Спектатор.

„Мировниот процес треба да ја поврзе Украина со НАТО, како и да се изрази тоа. Алтернативата на неутралност веќе нема смисла“, додава Кисинџер во текстот со наслов„Како да се избегне нова светска војна“.

Кисинџер потсети дека во мај предложи прекин на огнот по што Русија би се повлекла на линијата пред инвазијата на 24 февруари, додека за Крим „би се преговарало“.

Судирот на истокот на Украина почна во 2014 година, по што прорускиот украински претседател беше срушен со Мајданската револуција, па Русија го анектира Крим.

Директотрот на ЦИА Вилијам Брнс во интервју објавено во саботата рече дека, иако повеќето судири завршуваат во преговори, оценката на ЦИА е дека Русија уште не помислува сериозно да преговара за завршување на војната.

Кисинџер (99) сугерираше дека, ако се покаже дека статус кво од 2014 е невозможен, опција се меѓународно надгледувани референдуми на подрачјата кои Русија ги анектира.

Путин тврди дека „посебната воена операција“ во Украина е клучен момент во кој Русија конечно пружи отпор на Западот, предводен од САД, кој сака да го искористи распадот на СССР во 1991 година и да ја уништи Русија.

Украина и Западот сметаат дека Путин нема оправдувања за империјалистичка окупациска војна.

Кисинџер предупреди дека желбите Русија да се направи „немоќна“ или таа да се распадне, може да предизвикаат хаос.

Ни Украина, ни која било западна држава тоа не го заговараат.

„Распадот на Русија или уништувањето на нејзината способност за стратешка политика може да се префрли на нејзина територија, која се протега низ 11 временски зони, во вакуум околу кој би се бореле“, смета Кисинџер.

„Нејзините конкурентни општества може да одлучат да ги решат своите спорови со насилство. Други земји би можеле да се обидат да ги прошират своите претензии на сила. Сите тие опасности би се продлабочиле на илјадниците нуклеарни боеви глави кои ја прават Русија една од најголемите нуклеарни сили“, предупредува Кисинџер.