Кина почна да гради кампови за бегалци: Мора да бидеме спремни на сите опции!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Taјните документи откриваат како во Кина се градат најмалку пет кампови за бегалци од Северна Кореја.

Кина во тишина гради мрежа на кампови за беглаци во должина од 1416 километри на границата со Северна Кореја. Тоа се припрема за голем прилив на луѓе во случај да се сруши режимот на Ким Јонг.

За плановите за овие кампови веста излезе минатата недела, повикувајќи се на интерен документ кој излегол од државниот телекомуникациски гигант.

Документот Кина Мобилеа се вртеше и на социјалните мрежи, а и на кинеските веб сајтови, односно тој документ ги открива плановите за градба на кампови за бегалци.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи не го потврди градењето на камповите, но ниту го занемари.

„Немам видено таков извештај“ вели Лу Канг.

Во документот кој излезе стој име и телефонски број, но на бројот никој не се јавува. Се смета дека изградбата на тие кампови може да предизвика незадоволство кај граѓаните и политичка нестабилност.

Хиро Ишимару, јапонскиот режисер на документарни филмови кој ја води мрежата на граѓански новинари во Северна Кореја кажува дека во близина на границата не се видени кампови, но слушнале дека постојат такви планови.

Напнатоста во Кореја започна оваа година кога американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми притисокот на Северна Кореја.