Канадскиот премиер на насловна од најпродаваното геј списание во Велика Британија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џастин Трудо е првиот премиер кој позирал за насловна страна на меѓународното ЛГБТИ списание. Трудо беше претставен на насловната страна од списанието Attitude, најпродаваниот геј магазин во Велика Британија.

Ова не е прв пат Трудо јавно да ја поддржува ЛГБТИ заедницата. Неколку пати тој има учествувано на „парадите на гордоста“, а на канадската верзија на таа парада, одржана минатото лето, маршираше заедно со премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој се има изјаснето како хомосексуалец.

За јануарскиот број на Attitude, Трудо говореше за тоа колку е важно да се почитуваат сит човекови права.

„ЛГБТ+ заедницата стана симбол на борбата за човекови права. Фактот дека толку многу луѓе се срамат или ги кријат своите идентитети за да се вклопат во општеството е лекција за сите кои се против ЛГБТ заедницата“, вели Трудо.

Иако во борбата за ЛГБТ правата е постигнат значаен прогрес, Трудо нагласува дека во иднина треба уште многу да се работи на тоа поле.

„Секој пат кога некој ќе ме праша зошто сметам дека е важно да се маршира на парадата на гордоста, велам дека причината за тоа е бидејќи уште многу треба да се направи во тој поглед. Склони сме кон предрасуди, привилегиите кои некои луѓе ги немаат ги земаме здраво за готово, а доста важно е да се бориме за еднакви права на сите“, вели премиерот.