Home Шоубизнис Кидман „ќе ги тера“ Германците и Русите да летуваат во Турција

Кидман „ќе ги тера“ Германците и Русите да летуваат во Турција

Холивудската ѕвезда Никол Кидман ќе се појави во реклами за турската туристичка понуда наменети за пазарите во Германија и Русија, кои имаат за цел да го вратат туризмот во нормала, по тешката година за Турција.

Германците наскоро ќе можат да ја видат глумицата на страниците на „Велт” и „Велт компакт”, додека во Русија кампањата почна денеска со реклами со ликот на оскаровката во „Правда”, објави турскиот весник „Дејли сабах”.

Во интервју за телевизијата Хабертурк, австралиската актерка беше прашана каде би отишла на одмор во Турција?

„Очекувате да кажам Истанбул, но грешите. Ние имаме заедничка историја, па така најмногу би сакала да го видам Галиполе“, рече Австралијката, имајќи ја предвид Битката кај Галиполе во Првата светска војна, каде многу австралиски војници се бореле на страната на Антантата против турската Армија.

Ова не е прв случај турски компании да ангажираат холивудски актер. Во јануари глумецот Морган Фримен се појави во реклама за турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …