Ќерката од Мадона дел од „уметничка оргија“ во Мајами


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крушата под круша паѓа и тоа не може да биде никако поинаку. Така некако може да се опише на кратко професионалната кариера на ќерката од кралицата на поп музиката, Мадона, откачената Лурдес Леон.

Младата Леон неодамна учествувала во еден провокативен перформанс на изложбата Арт Басел во Мајами Бич. Лурдес, во рамки на изложбата, беше дел од перформанс во кој се симулираше сексуална оргија.

23-годишната ќерка која Мадона ја има со нејзиниот бивш партнер Карлос Леон, заедно со уште 30 модели учествувала во перформансот „Love Different 2020“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P E T E R D A V I S (@peterdavisnyc) on

Лурдес се појавила меѓу последните за време на танцот и гордо ги покажала влакната под пазувите, пренесува „ Page Six“.

Мадона во едно интервју летово за „Vogue“ зборувала за страста на нејзината ќерка Лурдес кон уметноста.

„Лудо е талентирана. Позеленувам од завист што е толку неверојатна во сè што работи“, изјавила пејачката во интервјуто.