Home Шоубизнис Ќерката на Зорица Брунклик се огласи по нападот од бившата снаа – вака се брани мајката

Ќерката на Зорица Брунклик се огласи по нападот од бившата снаа – вака се брани мајката

Најмладата ќерка на Зорица Брунцлик е шминкерка

Најмладата ќерка на Зорица Брунцлик, всушност единствената заедничка ќерка што пејачката ја има со хармоникашот Миролјуб Аранѓеловиќ Кемиш, пред неколку години стапи во брак.

Со својот избраник, музичарот Милош Вујановиќ, таа веќе доби и дете, па може да се каже дека живее своја бајка.

Првата година од бракот, наводно, Злата и Милош ја поминале во домот на Зорица и Кемиш, во нивната вила чија вредност се проценува на неколку милиони евра. Наскоро, младенците нашле свој сопствен простор, но, за разлика од другите деца на познатата двојка, тие изгледа успеале да изградат најдобра комуникација со родителите.

Често присуствуваат заедно на градски настани, а неодамна дури и го посетија Париз, од каде што споделуваа фотографии на Инстаграм.

Иако многумина шпекулираат дека ваквиот однос е само за јавноста, фактот е дека блискоста меѓу Злата, нејзиниот сопруг и родителите би било тешко да се одглуми.

Тие функционираат како сложна фамилија, а можеби најдобро тоа се гледа во фактот дека најмладата наследничка станала личен шминкер и стилист на популарниот музички пар. Покрај тоа, неодамна и јавно ѝ оддаде признание на својата мајка преку објава на Инстаграм.

Злата, всушност, со своите следбеници сподели исечок од таблоид во кој се дискутира за модните избори на нејзината мајка.

Многумина ова го интерпретираа како нејзин обид да ја одбрани мајка си, но и својот личен вкус и став.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …