Ќе се преименува „Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот“


Традицијата вели: Аргентина ме демантира!? - 14 ден ↓↓↓



Со одлука на Работната група на Министерството за култура, Музејот на македонската борба за државност и самостојност/ Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим ќе биде преименуван во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“.

Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојнос/Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ предлага досегашниот назив на оваа наша национална установа да се избрише и таа да се преименува во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“.

Ова е генералниот заклучок од извештајот на Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ – „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ што беше формирана на 13 март годинава врз основа на решение издадено од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

Во извештајот стои и дека се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Закон за буџет и Закон за спороведување на буџет, Закон за музејска дејност, Закон за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на музејот како целина и фаворизирање на партиски митови.

Извор: Радио Слободна Европа