Home Актуелно Ќе се одложува оданочувањето на капиталните добивки – мерка која ја донесе Тевдовски

Ќе се одложува оданочувањето на капиталните добивки – мерка која ја донесе Тевдовски

Вицепремиерот Кочо Анѓушев најави дека Владата размислува да го одложи одночувањето на капиталните добивки кое треба да стартува од следната година.

Оваа новина беше донесена со измени на Законот за личен доход уште лани кога беше воведен и прогресивниот персонален данок. Промените потекнаа од екс министерот за финансии Драган Тевдовски кој ги бранеше со тезата дека на таков начин се реалоцира богатството и се постигнува поголема еднаквост.

Инаку Законот предвидува граѓаните да плаќаат данок од 15 отсто за диведендите, да плаќаат данок за заштедите кои ги чуваат во банка, ако каматите годишно надминат 15 илјади денари, за каматите од хартиите од вредност, и данок на каматите од заемите.

„Сакаме да го стимулираме пазарот на капитал, сакаме да го стимулираме развојот на берзата. Доколку тоа е една од мерките коишто треба да се направат за да биде тоа стимулирано, секако ќе разговараме и за таа опција“, рече Кочо Анѓушев вицепремиер за економија.

Комисијата за хартии од вредност веќе поднела иницијатива до Владата и министеството за финансии за измени и дополнувања на Законот за личен доход, каде бараат одложена примена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…