Славни

Ќе биде див и бесен: Том Круз открива детали за Mission Impossible 6

Том Круз сподели детали за филмот Mission: Impossible 6, откривајќи дека ќе биде навистина див и возбудлив за публиката.

Актерот во емисијата The Graham Norton Show изнесе детали за долгоочекуваното продолжение од славната акциона франшиза, откривајќи дека публиката може да очекува многу вратоломии во „шестката“.

Филмот премиерно ќе биде прикажан во јули, 2018 година, а режијата ја потпиша Кристофер МекКвари. На Инстаграм тој потврди дека Хенри Кавил глуми во филмот.

Круз, кој глуми во Mission Impossible уште од нејзиниот прв дел во 1996 година, и претходно откри дека прави многу акробации и тренира за да биде спремен за снимањето.

Advertisements
To Top