Кавга во собранието каде што се води расправа за законот за јазици


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тензична атмосфера во собранието каде што се води амандманската расправа за законот за јазици. Главни „актери“ претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби и пратениците на Беса.

Следеше говор на Весел Мемеди и реплики, за кои Груби најави дека ќе бидат долги и дека пратениците можат слободно во меѓувреме да си завршат некоја друга работа.

Проблемот настана откако Груби не му даде процедурална забелешка на Фадил Зендели на БЕСА и продолжи со своја реплика. 15 минути додека говореше Груби, пратениците на БЕСА тропаа по маса и скандираа „15 години го злупотребувате албанскиот јазик.

Од Беса се заканија дека нема да учествуваат во Комисијата доколку продолжи ваквиот однос на Груби.
Ова е втор од трите дена амандманска расправа предвидени за Законот за јазици. Третиот ден е предвиден за 86 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ чии пратеници поради притворените колеги не учествуваат во работата на парламентот.

Груби ја закажаа оваа седница за 25 декември односно по Конгресот на ВМРО-ДППМНЕ со цел да им овозможи да се вратат во Собранието и како што рече да ги образложат своите амандмани.

Амандманите на опозциската партија се однесуваат на укинување на двојазичноста односно унапредување на употребата на сите јазици на немнозинските заедници, потоа за кратерње на употребата на албанскиот јазик на целата територија на државата и на укинување на казните.