Кауција од 1 милион долари за тројцата полицајци обвинети за убиство на Џорџ Флојд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тројцата припадници на полициските служби на Минеаполис кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд првпат беа изнесени пред судот во четвртокот, при што им беше одредена кауција за привремено ослободување во висина од еден милион долари.

Дерек Шовин, полицаецот што насилно го уапси Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис минатата недела, со скоро деветминутно притискање на вратот со колено, по што Флојд почина, е обвинет за убиство без предумисла, односно убиство од втор степен, додека другите тројца полицајци што учествуваа во апсењето се обвинети за помагање и поттикнување на убиството.

Полициските службеници Томас Лејн, Џеј Алекзандер Куенг и Тоу Тао може да бидат осудени на казна затвор до 40 години доколку бидат прогласени за виновни.

Шовин треба да се појави на суд на 8 јуни.

Смртта на 46-годишниот Флојд предизвика големи протести низ САД против расизмот и полициската бруталност врз Афроамериканците.