Home Шоубизнис Камерон Дијаз денес – далеку од Холивуд, од актерството, од славата и јавноста

Камерон Дијаз денес – далеку од Холивуд, од актерството, од славата и јавноста

Пред пет години славната холивудска и светска актерка Камерон Дијаз ја играше нејзината (засега) последна улога во филмот „Ани“ и оттогаш таа целосно се повлече од лудилото на западниот шоубизнис и јавниот живот.

Во интервју за списанието „InStyle“, едно од ретките кои таа ги има дадено во изминативе пет години, откри каде е, што прави, колку е задоволна од приватноста на интимниот живот далеку од јавноста. 46- годишната холивудска ѕвезда објасни дека доволно долго била во центарот на вниманието и дека е среќна штио тие денови се зад неа.

„Почнав да ја доживувам светската слава кога имав 22 години, што беше пред 25 години. Тоа е одамна. Јас го гледам тоа на начин дека и дадов на јавноста повеќе од половина од мојот живот. Мислам дека е добро да одвојам време за себе, да се реорганизирам и да одберам како сакам да се вратам назад“ – рече таа, додавајќи дека враќањето е сè уште под знак прашалник:

„Воопшто не ми недостасува актерството. Во моментов сум фокусиран на здравјето и на сето тоа. Но, што и да правам или ќе направам, тоа мора да биде со страст, нешто што ме прави среќна и нешто што нема да ми биде тешко“.

Дијаз откри дека не ги сака социјалните мрежи и фактот дека тие денес доминираат во јавниот простор.

„Средината на деведесеттите години беше период што никогаш повеќе нема да се случи. Јас сум многу благодарна што бев сведок и учествував во таа ера. Кога ја гледам технологија сега, неверојатно е. Можете да објавите нешто на Инстаграм во секое време и можете да го контролирате сопствениот наратив, и тоа е неверојатно. Но, вие сте врзани за мобилен телефон и сите се многу зависни . Мислам дека потпирањето на мобилните телефони доведе многумина да изгубат контакт со реалноста и хуманоста“, рече Дијаз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Саша Барон Коен откри зошто „Марвел“ внимателно му ја понудил улогата на ѓаволот во „Ајронхарт“

Пред да го ангажираат за улогата на Мефисто, авторите на „Ајронхарт“ сакале да проверат да…