Каква ќе биде судбината на фамозниот Мерцедес „тежок“ 600.000 евра?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каква ќе биде судбината на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра што пред пет години го купи Владата на Груевски. Ќе го замени ли премиерот Заев за амбулантни возила, за да докаже дека неговата Влада е поразлична од претходната или со ваквата изјава само купува гласови на партиски митинг пред локалните избори.

Заев на партиски митинг најави дека Мерцедесот ќе биде продаден и со парите ќе бидат набавени нови амбулантни возила.

Владината служба соопшти дека после изборите ќе се знае што точно ќе се случи со блиндираниот мерцедес.

„Владата на Република Македонија во периодот после локалните избори детално ќе ги разработи сите технички аспекти околу реализација на процесот на замена на “Мерцедесот” со амбулантни возила. Јавноста ќе биде детално и транспарентно информирана веднаш после утврдување на деталите за овој процес.“

За набавката на луксузниот мерцедес СЈО поднесе обвинението во кое осомничени се две лица. Тогашната министерка Гордана Јанкуловска и нејзиниот помошник се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер Никола Груевски за купување на скапо возило.

Но од СЈО велат дека самиот мередес не е дел од судскиот процес и може да се оттуѓува.

„Тој предмет не е одземен од наша страна, бидејќи тој е во сопственост на РМ и како е направена јавната набавка за тој, тука се доказите, а самиот предмет како мерцедес, по законот се одземаат таквите предмети доколку се утврди дека се предмет на кривично дело. И д го одземеме ние, треба повторно да го вратиме во сопственост на државата“, изјави Катица Јанева, специјална јавна обвинителка.

Од прислушкуваните разговори јавноста дозна како Груевски нарачува мерцедесот да биде фул опремен, со масажери и екрани и бара МВР да прикаже дека е набавен за потребите на Министерството .

Блиндираниот мерцедес сега се чува во МВР. Од Министерството велат дека се користи за превоз на премиери и претседатели на држави кога ќе дојдат во Македонија.