Како мисирката која ја гответе да биде превкусна?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Печењето на мисирка не е некоја фантастика, но сепак се работи за специфично месо кое може да испадне пресуво и безвкусно. За сето тоа да не испадне така ние ќе ви дадеме неколку совети.

Не смее да биде преголема

Колку е поголема мисирката, толку е потешко да се испече и потребно е повеќ време. Ако имате големо семејство, подобро е да испечете две помали, отколку една голема.

За почеток саламура

Мисиркиното е кревко месо кое мора добро да се насоли и да добие вкус. Тоа најдобро ќе го направите ако ја потопете во саламура, односно во мешавина од вода и сол со зачин по ваш вкус.

Печење

Најважно е прво да ја загреете рерната на 140 степени, внатре сместете ја мисирката заедно со неколку лажици свинска маст, покриена ја печете околу 1 час, а потоа спуштете ја температурата на 100 степени. Печете ја пополека и додавајте по потреба вода и масло. Последните 15 минути печете ја без поклопец, премачкајте ја со малку мед за кората да биде златна и крцкава.

Кога е готова..

Мисирката не се сече одма, туку мора малку да „одмори“. Пуштете ја да одстои околу 15 миниту и тогаш веќе е спремна за сечење.