Живот

Како да се справите со љубоморниот партнер?!

Присутноста на љубомората во врската кај еден или кај обајцата партнери е во ред, но во границите на нормалното се разбира. Проблемот настанува кога здравата љубомора со време прераснува во опсесивна.

Ако партнерот бара да му го посветите своето време, ви го проверува телефонот и слично, време е да го преиспитате својот однос.

Посесивноста секогаш лошо завршува, на самиот крај, дефинитивно доведува до незадоволство кај обајцата, и љубовта постепено се губи.

Знакови кои укажуваат дека вашиот партнер е претерано љубоморен:

*Сака кога сте сами и се чувствува несигурно во друштво на вашите пријатели

*Ве контролира

*Ви зборува што треба да правите

*Ја следи вашата активност на социјалните мрежи

*Константно сака да знае каде сте и што правите

Доколку ги има овие симптоми, дефинитивно е време за разговор

Да бидеме искрени, вистинското време за разговор поминало оддамна, но се уште не е доцна. Во текот на разговорт за тоа зошто вашиот партнер постојано ве проверува, обидете се да направите чекор понатаму и да поразговарате за емоциите. Ваквите разговори најдобро е да ги правите со ладна глава, кога страстите ќе се смират.

Advertisements
To Top