Home Мода и убавина Како да ги отстраните дамките од крема за самопотемнување

Како да ги отстраните дамките од крема за самопотемнување

Како да ги отстраните флеките од крема за самопотемнување

Без разлика дали сте имале за цел мала промена на тенот или подготвеност за на плажа, грешките при нанесување на крема за самопотемнување се многу чести.

Не залажувајте се – нанесувањето на вакви креми не мора секогаш да биде едноставно. Многу зависи и од тоа колку добар пилинг сте направиле пред нанесување. Но, доколку направите грешка, без разлика колку ситуацијата изгледа безизлезна и помислите дека ќе мора да се криете неколку дена, има решение и тоа не вклучува често туширање и агресивно триење на кожата.

Најпрво што можете да пробате е веројатно и најлесното – темелен пилинг на кожата за да се изедначи бојата. Може да направите мешавина од лимонов сок и една лажичка кафеав шеќер.

Намокрете ја ивицата на крпа и втријте ја флеката додека не исчезне. Секако, внимавајте да не притискате премногу и колку што е можно да не ја иритирате кожата. Последното нешто што ви треба кога ќе ве изневери кремата за самопотемнување се дополнителни повреди!

Ако ова не помогне, постојат и други опции. За една од нив ќе ви треба сунѓер, лимонов сок, трипроцентен хидроген и крпа.

Истуширајте се со топла вода, а додека сте под туш, со сунѓерот убаво истријте ја кожата. Топлата вода ќе ги отвори порите и ќе помогне во отстранување на неправилниот тен. После туширањето, добро истријте се со сува крпа. Користете постара крпа бидејќи може да останат траги.

Можете и директно да нанесете лимонов сок на деловите каде што сте ставиле крема за самопотемнување, но внимавајте да не дојде во контакт со очите. Ако лимоновиот сок не делува или не го имате дома, пробајте со хидроген. Пред да започнете со нанесување на хидроген на целото тело, прво ставете малку на еден дел од кожата за да проверите дали сте чувствителни на него. Немојте истовремено да ги комбинирате лимоновиот сок и хидрогенот, бидејќи може да дојде до оштетување на кожата.

Со некоја од овие методи, би требало да забележите видлива разлика и подобрување. Не заборавајте на крај обилно да нанесете хидратантно млеко или крема за тело. Лимонот и хидрогенот ја сушат кожата, па наредните денови ќе треба повеќе да се грижите за нејзината хидратација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…