Home Шоубизнис Кајли Џенер: Не знам што значи да имаш нормален живот, тешко е кога сите знаат која си

Кајли Џенер: Не знам што значи да имаш нормален живот, тешко е кога сите знаат која си

19-годишната Кајли Џенер сега има свое реално шоу, Life With Kylie, а во премиерните епизоди од истото призна дека сериозно не знае што значи да имаш нормален живот.

„Кога ќе пораснеш пред камерите, луѓето мислат дека те познаваат. Не сум одбрала сама ваков живот, но нема да се одречам од истиот. Не ми се допаѓа фактот колку внимание е насочено кон мене, но сето тоа знам да го потенцирам со своето однесување и објавувањето фотографии на социјалните мрежи“, вели таа во првата епизода од шоуто во која сними разговор со терапевтката.

Нејзината емисија многу се потпира на социјалните мрежи, најмногу на Snapchat и Instagram, кои станаа нејзин примарен начин на комуникација.

Инаку, Кајли стана дел од шоуто Keeping Up With The Kardashians кога имаше само девет години, што значи дека речиси половина од својот живот го има поминато пред камерите. Во новата емисија изјави дека составила листа на желби кои никогаш во животот не си ги остварила.

Со оглед на тоа дека се образуваше и школуваше дома, никогаш немала матурска вечер, што е една од нејзините неостварени желби. Поради својот начин на живот, Кајли не може да се поистовети со другите луѓе и затоа, вели, некогаш се чувствува дека никаде не припаѓа.

„Тешко е да правиш нормални работи кога сите знаат која си“, вели Кајли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …