Home Шоубизнис Јулија Самоилова е изборот на Русија за претставничка на Евросонг 2017

Јулија Самоилова е изборот на Русија за претставничка на Евросонг 2017

Претставник на Русија на годинешната Евровизија во Украина, е Јулија Самоилoва. Таа е лице со попреченост, кое се движи во количка, но и со одличен глас, објави „Первиј канал”.

На манифестацијата што ќе се одржи во Киев, таа ќе пее на англиски, и ќе ја изведе песната „Flame Is Burning“.

Самоилова (27) е вокален изведувач, текстописец и композитор. Јавноста најмногу ја памети по тоа што настапи на отворањето на Зимските параолимписки игри во Сочи.

„Музичката кариера бара огромни емоционални и физички напори… Се восхитувам на успесите на Јулија“, изјави раководителот на руската евровизиска делегација, Јури Аксјута.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…