ЈО: Јанева во „Рекет“ се стекнала со мебел вреден 5.000 евра – поклон од Боки 13

На денешната прес-конференција која ја одржаа заедно државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, и шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, беше изјавено дека Катица Јанева во рамки на случајот „Рекет“ се стекнала со матаријална корист во висина од околу 5.000 евра (298.000 денари) во форма на мебел купен од Бојан Јовановски.

„Проширена е истрагата за случајот „Рекет“, Катица Јанева е осомничена за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувања;

Oбвинителството бара на Јанева да и се определи мерката притвор; нема барање за приведување политичари ниту за претрес во домови на политичари;

Еден од фокусите на истрагата е да открие каде се 1,5 милиони евра што Бојан Јовановски и Зоран Милевски ги земаат од Јордан Камчев и членови на неговото семејство (од побарани вкупно 8 милиони вра);

Боки 13 и купил мебел на Јанева во вредност од 298.000 денари или околу 5.000 евра;

Нема ниту една индиција дека парите завршиле кај домашни или странски политичари;

Јанева, при непроменети околности, се согласила со укинување на мерката затворски притвор за Јордан Камчев и нејзина замена со куќен притвор, а подоцна и со враќање на одземениот пасош;

Јанева прифатила на осомничениот Камчев да му се даде статус на заштитен сведок, случајот „Империја“ да се затвори со спогодба, која ќе исклучи затворска казна, а ќе предвиди само незначителна отштета за државата.