Јавната администрација и натаму политизирана и прегабаритна – нови огласи за „на државно“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако реформите во јавната администрација на крајот од оваа година треба да ги дадат првите резултати, а од Европската комисија за истите се добиени позитивни оценки, невладиниот сектор во Македонија смета дека јавната администрација и понатаму е претерано политизирана и прегабаритна поради превработеност.

Нови вработувања во државните институции. Преку агенцијата за администарција ги објавија огласите . Центарот за управување со кризи има потреба од 7 државни службеници. Се бараат раководители, референти соработници и други профили. Во зависност од работно место платата се движи до 37 илјади денари. Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните пак има потреба од 13 лица. Се бараат преведувачи, државни советници, лектори.

И дирекцијата за заштита и спасување ќе прима луѓе. Има потреба од 8 лица , а огласи за вработување објавија и агенцијата за цивилно воздухопловство, за вработување и за енергетика.

И додека во државните институции се бараат нови луѓе за работа, владата истовремено преговара со бизнис секторот и синдикатите за префрлање на вишокот на вработени од јавниот сектор во приватните фирми.

Од ССК веќе посочија дека ваквата административна реформа отвори многу дилеми во јавноста. Се сомневаат дури и во успешноста на моделот. Недостатотк на кадар во бизнисот има, но платите во администрацијата се повисоки, а и продолжуваат да растат. Последно беа покачени примањата на социјалните работници, воспитувачките и негователките.

Од минисетртвото за информатичко општество и администрација пак посочија дека префрлањето на кадар од јавен во приватен сектор е нов концепт во земјава и има отврени прашања за кои се неопходни предлози. Се разгледува опцијата на оние кои ќе сакаат да заминат во приватен сектор да им се понудат пакети. Но точно по кој модел ќе се прави транферот ќе се знае до крајот на годината.

Целта на мерката е да се растерети администрацијата, а интитуциите да бидат поефикасни.

Според последните податоци во јавната администрација се вработени над 130 илјади лица.