Home Шоубизнис Јас сум мажена жена – Гога Секулиќ, три години по разводот, шокираше со признание

Јас сум мажена жена – Гога Секулиќ, три години по разводот, шокираше со признание

Пред три години во домашната јавност како бомба одекна веста за разводот на Гога Секулиќ. Сега, пејачката ја изненади јавноста со признание дека од својот згоден сопруг никогаш официјално не се развела.

– Јас сè уште сум во брак, со Урош сум во добри односи и официјално сме во брак – изјави пејачката за Hype.

На прашањето на новинарката за разводот, за кој пред три години медиумите постојано пишуваа, Гога само одмавна со главата:

– Ние воопшто не се разведовме, немаме време.

Разводот на Гога Секулиќ не се случил, а пејачката открива дека со сопругот живеат на две адреси:

– Живееме на две адреси. Кога има време, доаѓа во Белград, а ние летно време одиме кај него во Шпанија, што може да биде подобро?

Гога откри дека изјавата за развод била нејзина избрзана реакција и дека со Урош има одлични односи, но дека нема да зборува јавно за деталите на нивната љубов.

Да потсетиме, Гога на почетокот на месецот во емисијата “Премијера викенд специјал” ја крена јавноста на нозе со изјавата дека е мажена жена.

– Јас сум мажена жена, имаше караници, но сè уште сме заедно, во брак сум – тогаш изјави таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …