Јанева: Водев преговори О.К. да стане соработник-сведок во нова предистрага на СЈО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава, објавена на веб-страната на СЈО, во врска со денешните објавени разговори, повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Jавното обвинителство кое го води, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.

Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници.

Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители.

Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име.