Јанева останува во Шутка – поради опасност од бегство, Апелација ја отфрли жалбата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Апелациониот суд ја отфрли жалбата која адвокатскиот тим на бившата специјална јавна обвинителка и шефица на СЈО, Катица Јанева, ја поднесе за укинување на притворот и определување поблага мерка како третоосомничена за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.

,,Судот го зема предвид известувањето за завршена истрага со што е отстранета една од двете околности поради кои осомниченото лице е во притвор. Поради завршувањето на истрагата судот смета дека повеќе нема опасност за влијание на сведоците, но останува оценката дека има опасност од бегство на осомничената.

Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди во замена за поблага мерка. Нејзините адвокати ја чекаат одлуката по што ќе поднесат жалба до Кривичниот суд кој веќе еднаш го отфрли барањето да се брани од слобода. Во Шутка е и Боки 13, а досега мерката со куќен притвор му беше заменета единствено на Зоран Милески Кичеец. Нивните адвокати до крајот на неделава можат да вршат увид во доказите, а меѓу оние што треба да ги видат се и вештачењата на мобилниот телефон и компјутерот на Боки 13, но и вештачењето од компјутерот на синот на Јанева. На притворот се жали и Боки 13, а по неговата жалба Апелација ќе одлучува на јавна седница в четврток.