Home Наука и техонологија Јајца од диносаурус стари 130.000 години пронајдени во Кина

Јајца од диносаурус стари 130.000 години пронајдени во Кина

Во Кина е пронајдено совршено зачувано гнездо со 30 фосили на јајца од диносаурус кои се стари 130.000 години.

Гнездото е пронајдено за време на работа на градилиште во кинескиот град Ганжо, кој е познат и како „роден град на диносаурусите“, јавуваат локалните медиуми.

Работниците приметиле камења во овален облик, кога со експлозија го растресувале тлото, пишува Дејли Мејл. Тие се посомневале дека се работи за јајца од диносаурус и одма прекинале со работа, по што и јавиле на полицијата. Градилиштето е затворено и известен е локалниот музеј.

Експерти од музејот после преглед на фосилите, утврдиле дека се работи за лушпи од јајца, кои се стари 130.00 години.  Градот е познат по вакви наоди, особено од врстата овираптор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…