
Бившата љубовница на Драган Којиќ Кеба, Љиљана Јевремовиќ, јавно го прокоментираше настапот и песната на Наташа Којиќ на ПЗЕ.
— Го гледав ПЗЕ синоќа, и со оглед на тоа што Наташа доаѓа од музичко семејство кое има многу искуство во шоу-бизнисот, очекував многу повеќе. Текстот не е на нивото на кое треба да биде и не е за ниту едно натпреварување, а камоли за Евровизија. Очекував подлабока, поинтригантна, подуховна и позабавна песна — изјави Љиљана за Информер.
За одлуката на Наташа Којиќ да се појави сама во Green Room, бившата љубовница на Драган Којиќ Кеба исто така имаше јасен став.
— Тоа беше потценување на учесниците, бидејќи имав впечаток дека се подразбира дека таа ќе влезе во финале и дека Којиќеви ќе се појават дури таму. Не ни очекував да бидат присутни сега, тие доаѓаат како ѕвезди, на крајот. Покрај тоа, тие се навикнати да купуваат сè, купуваа и судии кога имавме судски спор, па веројатно мислеа дека и тука ќе можат да платат, затоа и мислев дека Наташа ќе помине.
Да потсетиме, Љиљана од вонбрачната врска со Драган Којиќ ја доби ќерката Ина, за која ниту тој, ниту неговите деца Игор и Наташа, никогаш не покажаа интерес.