Home Живот и здравје Израелците открија досега непознат сој на коронавирусот

Израелците открија досега непознат сој на коронавирусот

Израелското Министерство за здравство денеска објави дека во земјата се откриени два случаи на зараза со досега непознат сој на коронавирусот.

Новиот сој е комбинација на доминантната омикрон подсој БA.1 и друг подсој БA.2, кој предизвикува благи симптоми, без покачена телесна температура, со болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман.

Според израелското Министерство за здравство, овој сој сè уште не е познат во светот, а откриен е со ПЦР тестирање на патниците на меѓународниот аеродром Бен Гурион, Тел Авив.

Од почетокот на пандемијата во Израел починале 10.401 лице.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …