Изгубил пари на автомати, си заминал, па се вратил со пушка и го ограбил казиното


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скопското Основно јавно обвинителсто отвори истрага против 27-годишен скопјанец бидејќи е осомничен за разбојништво. Тој на крајот од јануари годинава со автоматска пушта ограбил казина во населбата Маџари. Обвинителството бара протвор.

Во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, 27-годишникот со огнено оружје им се заканил на двајца вработени и одзел 22.500 денари. Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка.

Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал.