Изби пожар во двокатен градски автобус во Скопје

Двокатна 5-ка на ЈСП во Скопје се запали утрово на улицата „Ѓорче Петров“. Според првичните информации кои доаѓаат од надлежните служби, нема повредени во незгодата.

Од министерството за внатрешни работи информираат дека Бригадата за против пожарна заштита добиле информација дека во 9 и 40 на улицата Ѓорче Петров има опожарен автобус на ЈСП. Пожарот е локализиран за 10 минути .

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале. Екипите на министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот и ќе утврдуваат причините за пожарот информираат од град Скопје