Home Живот и здравје Итна седница на СЗО поради појавата на исклучително заразниот и смртоносен вирус Марбург

Итна седница на СЗО поради појавата на исклучително заразниот и смртоносен вирус Марбург

Светска здравствена организација (СЗО) денеска одржа итна седница поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја од што починаа девет луѓе, а пријавени се 16 сомнителни случаи.

Вирусот Марбург е многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, со симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја. Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.

Во Екваторијална Гвинеја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на вирусот Марбург. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.

За денеска беше закажана и средба на претставници на СЗО и на конзорциумот Марвак, на кој ќе се промовира меѓународната соработка за развој на вакцини против вирусот Марбург.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Кои јаткасти плодови смеат да јадат кучињата?

Поради високата содржина на влакна, протеини и здрави масти, јаткастите плодови претставув…