Home Актуелно Италијанската економија заглиба во рецесија

Италијанската економија заглиба во рецесија

Официјалните статистички податоци покажуваат дека третата по големина економија во еврозоната и членка на G7, Италија, е во рецесија во последните три месеци од 2018 година.

Бруто домашниот производ на италијанската економија паднал во четвртиот квартал од 2018-та година за 0,2 отсто во однос на претхдниот квартал, соопштила денеска италијанската канцеларија за статистика.

Тоа значи дека после паѓањето на БДП од 0,1 отсто во третиот квартал во 2018-та година, Италија влегла во техничка рецесија, која по дефиниција настанува кога ќе се забележат два последователни квартали со економски пад.

Италијанската економија, како што наведува АР, е потресена поради недовербата и лоша деловна активност, после спорот на новата популистичка влада со Европската комисија околу буџетските планови на таа земја.

Рецесијата во Италија, исто така влијаела и на пошироката економска еврозона, која во последните 3 месеци во 2018-та година се зголемила за само 0,2 отсто, исто како и во претходното тромесечие. Во Брисел се загрижени дека лошите ефекти од италијанската рецесија допрва ќе се чувствваат.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…