Home Вебкафе Истражување на „Red Unicorn“: 3/4 од музичарите страдаат од некој вид на ментална болест

Истражување на „Red Unicorn“: 3/4 од музичарите страдаат од некој вид на ментална болест

Според истражувањето кое го направи компанијата за дигитална дистрибуција „Red Unicorn“, со теренско истражување на скоро 1.500 музичари во периодот од 21 март до 2 април, податоците велат дека речиси три четвртини од музичарите страдаат од некој вид на ментална болест.

Таа куќа објави дека дури три четвртини од испитаниците чувствуваат стрес, анксиозност и / или депресија, додека ја работеле својата работа. Бројките се уште полоши кога станува збор за помладата популација на возраст помеѓу 18 и 25 години, бидејќи кај нив се појавуваат пореметувања што ги следат целиот живот и тоа кај 80 проценти од испитаниците.

„Нашето истражување вели дека нешто мора да се промени“, вели Јохан Сванберг, извршен директор на компанијата.

Истражувањето укажува дека е голем процентот на музичари кои добиваат напади на паника, додека 57 отсто се многу загрижени за своето ментално здравје (дури 41 отсто велат дека постојано се грижат за тоа во текот на денот). Само 39 отсто од испитаните музичари велат дека се обиделе да побараат стручна помош, додека 51 отсто се обидуваат да го решат тој проблем на свој начин со примена на свои тактики.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…