Исчезна Никола Војминовски, осуден за обид на убиство на Села


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Исчезна Никола Војминовски, еден од тројцата осудени кои добија највисока казна од 13 и пол години затвор, за обид за убиство на Зијадин Села. Полицијата не го нашла при последната рутинска проверка во неговиот дом, каде што ја издржува мерката куќен притвор до правосилност на пресудата.

Информацијата за ТВ 24 ја потврди и неговиот правен застапник, кој изјави дека од вчера од 16 часот добил информација од неговите родители дека Војминовски не е во неговиот дом, за што веднаш ја информирал полицијата. Од МВР не откриваат никакви детали околу исчезнувањето на Војминовски, и не упатија на судот. Од Кривичен за ТВ 24 ја потврдија информацијата дека Војминовски не е достапен за полициските органи.

„Надлежната полициска станица го извест судот дека лицето не се придржува кон определената мерка куќен притвор која му е определан од мај минатата година, а по предлог на обвинителството продолжена до правосилност на пресудата“- велат од Кривичен за ТВ 24.

Инаку Војминовски ја доби максималната затворска казна од 13 и пол години затвор за обид за убиство на Зијадин Села, но е и сведок на судењето за 27-ми април. Сведочењето на Војминовски беше меѓу првите кои го открија неуспешниот план за прогласување на воена состојба, но и детали околу организацијата на 27ми април. Како сведок на предлог на обвинителството, Војминовски тврдеше дека пратеникот Љубен Арнаудов му се јавил на телефон и барал луѓе да влегуваат во Собранието. По донесувањето на Законот за амнестија и одбраната на Војминовски, побара амнестија за него, иако законот не предвидуваше амнестија за делото убиство. Но, неговото барање беше одбиено.