Инцидент во Куманово: Се обидел да запали полициско возило и пукал кон полицајци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Непознато лица во два часот по полноќ во Куманово се обидело да опожари службено полициско возило „Шевролет Спарк“. Но, откако бил забележан во намерата и не успеал да го стори тоа, избегал, а подоцна и испукал три куршуми кон полицајци.

Инциденотот се случувал етапно, на две локации во Куманово. Прво, сторителот бил забележан како го пали возилото, паркирано пред поранешниот Дом на АРМ од страна на полицаец додека вршел редовно обезбедување на булеварот “3-та Македонска ударна бригата” во кругот Управни служби при МВР. Кога забележал дека го видела полицијата, сторителот веднаш побегнал.

По кусо време полицајците го забележале на улицата “Боро Прцан”, но тој не ја почитувал дадената наредба за застанување, туку испукал неколку проектили кон нив и повторно избегал.

Од СВР Куманово велат нема повредени, а инциденотот го потврди и дополнителната заменик министерка за внатрешни Славјанка Петровска.

Опожареното возило „Шевролет Спарк” е изгаснато по интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово, а Јавен обвинител извршил увид на местото на настанот.

Од МВР засега не знаат за кое лице станува збор, ниту пак зошто напаѓачот извршил напад врз полицијата .Од таму велат дека интензивно се преземаа мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.