Интерпелацијата на Спасовски отфрлена во Собранието


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со 11 гласа за и 60 против без ниту еден воздржан не помина интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Расправата за интерпелацијата течеше во полупразна сала откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата. Причината поради тоа беше недоразбирањата кои ги имаа со собранискиот спикер Џафери, бидејќи велат не им дозволил да говорат а Џафери пак објасни дека не присуствувале на кординација и навремено не се пријавиле за забор.

Поради ова ја напуштија салата и најавија дека ќе бараат интерпелација и за Џафери. Албанскиот опозициски блок пак како причини за барање одговорност од Спасовски ги наведуваа бегствата на Никола Груевски но и како што велат обидот на Мијалков да избега. Спасовски пак и парламентарното мнозинство со контра аргументи, дека токму притворот на Мијалков е успешно завршена акција а не причина за негова интерпелација.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пак пред да ја напуштат 39 седница се осврнаа и на интерпелациите за Николовски и Маричиќ за кои не се расправаше бидејќи рокот истече, а за истите да се најдат пред пратениците ќе треба опозицијата да достави нови иницијативи . Интерпелацијата на Оливер Спасовски пак беше на иницијатива на албанскиот опозициски блок.