Home Вебкафе Инстаграмџии, наскоро добивате нова опција на оваа социјална мрежа

Инстаграмџии, наскоро добивате нова опција на оваа социјална мрежа

Во рамки на Инстаграм Стори се појави нова опција која на корисниците на оваа социјална мрежа им нуди да ја поделат својата приказна и на Фејсбук.

Инстаграм постојано воведува нови опции, а една од последните е можноста да се подали инстаграм стори на фејсбук профил.

Многумина корисници забележаа на својот профил икона која прикажува нотификации од фејсбук, а ова важи само за коринисите кои се поврзани на своите телефони.

Иако од Фејсбук открија дека оваа опција е во фаза на тестирање, и не е сигурно дали ќе и кога ќе ја добијат сите корисници на Инстаграм, на Твитер веќе се разви дискусија на оваа тема.

Многумина сметаат дека ова е потполно беспотребно, а има и такви кои пишуваат дека функцијата ги нервира, особено затоа што ги избришале своите налози на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Десет магични места на Медитеранот за вашето следно патување

Замислете го ветерот како нежно ја замавнува завесата додека седите на тераса со поглед ко…