„Идната идна западна Бугарија“: Рама одбра забегана шега за да ја брецне ЕУ за спорот на Македонија со Бугарија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерот на Албанија Еди Рама, вчера, на самитот на Југоисточна Европа во Солун, направи не баш дипломатска шега, додека грчкиот премиер Мицотакис како домаќин на Шолц му ги претставуваше албанскиот и македонскиот премиер

Рама се вклучи во разговорот со неодмерена изјава посочувајки дека Ковачевски бил премиер на како што тој сакал да се пошегува „Идната, идна Западна Бугарија“.

Сепак, оваа изјава на Рама која требаше да значи хумор предизвика силни критики во јавноста.

Нашиот премер Ковачевски во тој момент на изјавата се насмеа, без да коментира.

„Тоа е сарказам за Бугарија и иронија со Европската Унија. неформална“, изјавиле за ТВ 21 од кабинетот на премиерот Еди Рама.