Home Актуелно И други полицајци мавале врз полицајците во Шутка

И други полицајци мавале врз полицајците во Шутка

Кривични пријави против седум лица вмешани во претепувањето на двајцата полицајци (кои во моментот биле надвор од службена должност) и уште едно цивилно лице во скопско Шуто Оризари се поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи, пренесува Фокус.

Поднесени се две кривични пријави и тоа едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против  Ѓ. Д. (44),  Е.З.  (31),  У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25), сите од Скопје, и втората до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Е. З. (41) и А.З.(41) вработени во МВР, кои не биле на работа, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски денеска на прес-конференција појасни дека Е.З., У.Ќ., С.Ј., Ѓ.Д. и А.И. додека биле заедно со Е.З. и А.З. и други непознати лица на 28 јануари околу 19 часот во Шуто Оризари извршиле кривично дело врз Б.К., Ф.К. и  А.Р.

– Обезбедени се видео записи, извршено е соочување и извршени службени разговори со повеќе лица. За Е.З. и А.З. поведена е постапка за дисциплинска одговорност и времено им е прекинат работниот однос, информира Ангеловски на прес-конференција.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…