Home Актуелно И денес сончево и топло време

И денес сончево и топло време

Денес, среда, 26 февруари, во Македонија повторно ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува над 70 км/час. Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 12, Крива Паланка 17, Берово 15, Кавадарци 20, Битола 19, Охрид 15, Дојран 21.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 5 до 13 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…